Артета: Натпреварот со Реал е најголемиот во мојата кариера

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета: Натпреварот со Реал е најголемиот во мојата кариера

Во рамките од четвртфиналето од Лигата на Шампионите, утре во Лондон, тимот на Арсенал го пречекува Реал Мадрид. Во екстра квалитетниот дуел, домаќините имаат огромен предизвик пред себе, а менаџерот на Арсенал, Микаел Артета вели дека неговиот тим е подготвен, за како што вели најголемиот меч во неговата кариера досега.

“Сто проценти, ова ќе биде една од најголемите вечери во мојата кариера. Задоволство е да се подготвувам за овој натпревар. Ваквите моменти направија да го сакам фудбалот и тренерската професија. Поминаа 20 години откако одигравме ваков натпревар. За нас, тоа е одлична можност да изградиме сопствена историја. За тоа сме тука. Мојата порака? Бидете супер самоуверени. Треба да има 11 играчи и 60.000 гледачи на стартот утре за да бидеме супер уверени дека можеме да ги победиме. Тоа е она што го сакам. Останатото е да бидеме тимот каков што бевме во последната четвртина од сезоната со сите работи со кои требаше да се справиме. Ова е нашата голема сила. Мислам дека заслужуваме да бидеме тука. Но, утре вечер повторно треба тоа да го заработиме. За да го направиме тоа, ни требаат нашите навивачи. Фактот дека сме биле само двапати во оваа фаза во последните 15 години, со оглед на резултатите на Арсенал, доволно говори колку е тешко. Ќе создадеме своја историја, па дури и ќе одиме понатаму. Утре е одлична можност за тоа„ – рече Артета на официјалната прес конференција пред утрешниот меч. 

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата