Тензии меѓу Модриќ и Рудигер по поразот од Барселона

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензии меѓу Модриќ и Рудигер по поразот од Барселона

Капитенот Лука Модриќ не го одобрил однесувањето на Антонио Рудигер во финалето на Купот на Кралот, кое го загуби Барселона, и го прекорил Германецот за „срамота на симболот на Реал Мадрид“, пишуваат шпанските медиуми. Хрватскиот ветеран потсети дека клубот не се однесува на овој начин дури ни кога се чувствува оштетен.

Судирот бил толку напнат што другите играчи и членовите на тренерскиот штаб морале да ги прекинат, а атмосферата во соблекувалната била „на работ на експлозија“, според извори блиски до клубот.

„По натпреварот, Модриќ и Рудигер се степаа во соблекувалната,  другите играчи и членовите на тренерскиот штаб на Карло Анчелоти останаа запрепастени, мораа да ги раздвојат. Иако Рудигер на почетокот беше бесен и го критикуваше Модриќ, на крајот се смири и им се извини на сите свои соиграчи и тренери.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата