Тен Хаг: Роналдо го изневери и Јунајтед и мене како менаџер

20.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тен Хаг: Роналдо го изневери и Јунајтед и мене како менаџер

Некогашниот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг ја разбранува јавноста со изјава која што се однесува на Кристијано Роналдо и нивната соработка во 2022 година.

Тохаш холанѓанецот дојде на чело на Јунајтед, а Кристијано Роналдо веќе го одработуваше својот втор мандат на Олд Трафорд.

Мандатот на Тен Хаг јасно е како заврши, тој е еден во редицата на менаџери кои продефилираа во клубот, а се прогласени за промашувања, како и 99% од тренерите кои дојдоа по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Тен Хаг пак како една од причините за својот неуспех очигледно го смета и однесувањето на Кристијано Роналдо.

„Тој нè изневери и мене и тимот, бидејќи нашиот план за игра беше изграден околу него“, изјави Тен Хаг во интервју за „Атлетик“.

„Пред да дојде во Јунајтед, отпатував во Португалија за да разговарам со него за моите планови. Очигледно, тој е еден од најголемите фудбалери во историјата. Имав голема почит кон него. Но, во тој момент, како тренер, морав да донесам рационална одлука и да се потпрам на играчите кои, според мене, беа вистинскиот избор“, додаде Ерик.

Според Тен Хаг, Роналдо пропуштал тренинзи, а кога сепак учествувал, не успевал да го подигне темпото на потребното ниво.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата