Родри нема да може вечерва против ПСЖ!?

20.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Родри нема да може вечерва против ПСЖ!?

На само неколку часа од стартот на големото дерби во новото коло од Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на ПСЖ и Барселона, дојде шок инфотмацијата за навивачите на каталонскиот клуб, дека Родри нема да биде подготвен да настапи.

Тој според информациите го одработил последниот тренинг со грчеви во мускулите, па лекарскиот тим и тренерот Ханси Флик не сакаат да ризикуваат ништо. Пред се затоа што следниот викенд на програмата е Ел Класико против Реал Мадрид.

Очигледно дека во таборот на Барса сметаат дека овој дуел и покрај тоа што е против ПСЖ сепак е прерано во сезоната од Лигата на Шампионите за да биде клучен за конечниот исход.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата