Тами Абрахам ги скина лигаментите

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тами Абрахам ги скина лигаментите

Проблем за тимот на Рома. На последниот дуел од Серија А сезоната, напаѓачот Тами Абрахам заработи повреда и излезе од игра. Подоцнежните прегледи покажаа дека се работи за најлошото, односно дека тој ги има скинато предните вкрстени лигаменти.

Па така, се проценува дека со правилна рехабилитација и опоравок, Абрахам би требало да биде фит дури за пролетниот дел од следната сезона.

Тешката повреда на Тами Абрахам секако е голем удар за Рома, бидејќи клубот најверојатно ќе мора да бара нов центарфор во летниот преоден рок.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата