Талентот на Арсенал настапи со 13 години во младинската Лига на Шампиони

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Талентот на Арсенал настапи со 13 години во младинската Лига на Шампиони

Големиот талент на тимот на Арсенал, Луис Муњос денеска постави несекојдневен рекорд. Имено, во дуелот од младинската Лига на Шампиони, кој што неговиот тим го играше против тимот на Баерн Минхен, и победи со 4:2, Муњос дебитираше со 13 години, 11 месеци и 15 дена, со што стана најмладиот играч кој заиграл во оваа конкуренција.

Со ова тој го собори рекордот поставен од Лиам Пајас, кој играше за Линколн Ред Импс на возраст од 14 години, 3 месеци и 1 ден во септември 2024 година.

Муњос секако е репрезентативец на Англија до 15. години.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата