Фудбалерите на ФК Копенхаген ја остварија првата победа во лигашкиот дел од лигата на шампионите, откако вечерва пред своите навивачи беа подобри на натпреварот против Каират Алмати, совладувајќи го со 3:2. Данците поведоа во првото полувреме со голот на Дадасон, а во вториот дел Ларсон од пенал во 59. минута веќе им обезбеди предност и од 2:0.
Со голот на Робер во 73. минута веќе беше 3:0 за ФК Копенхаген и стана јасно дека гостите од Казахстан остануваат со мали шанси за позитивен резултат. Сепак, Каират во финишот потсети дека не случајно е дел од ова најсилно европско натпреварување. Најпрво Сатпаев во 81. минута, па потоа и Бајбек во 90. минута успеаја да ја затресат домашната мрежа и да ја вратат неизвесноста во судиското продолжение.
Монако имаше победа во рака до пред самиот крај на гостувањето на кипар кај Пафос, но домашните успеаја да дојдат до реми – 2:2. Монако двапати водеше со головите на Минамино и Балогун, додека Пафос двапати се враќаше со погодоците на Давид Луиз и Шуњиќ. По ова коло и Монако и Пафос имаат скор од една победа, три ремија и еден пораз и се на дното на листата на екипи кои засега имаат место во следната фаза од најсилното европско натпреварување.

