Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу подобро издание од противникот, сосема заслужено ги освоија првите бодови во групата „А“ и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата.
Со брзиот гол на Хулиан Кињонес во 9. минута, Мексико поведе со 1:0 и најави атак на трите бода. Во продолжение, домашните имаа уште две зрели шанси преку Раул Хименес и Кињонес да го зголемат водството, но Јужна Африка имаше среќа и на одмор замина со само еден гол во мрежата.
Во вториот дел по подарок од противникот, Мексико можеше да погоди уште во првата минута од продолжението на мечот, но домашните се сплеткаа во шеснаесетникот на Ј. Африка и на крајот шансата пропадна. Во 49. минута, Гутиерез излезе сам во шеснаесетниот на протовикот, а Ситхол стартуваше врз него, по што бразилскиот судија му го врачи и првиот црвен картон на шампионатот.
Во продолжение, конечно Раул Хименез во четвртиот настап на Мундијалите успеа да го постигне својот прв гол. Во 67. минута по одлично нафррлување со глава ја смести топката во мрежата на Вилијамс. Ова за него беше 47. гол во дресот на Мексико со кој изби и на 2. место на вечната листа.
Ј. Африка до крајот остана и со уште еден уграч помалку на теренот. Нововлезениот Цване беше исклучен поради удар во лицето на противнички фудбалер во 84. минута.
Но, епидемијата на црвени картони не заврши тука. Во судиското продолжение по еден груб старт и стоперот на Мексико, Монтес беше испратен предвреме во соблекувалната. Ова е навистина историја на СП, прв меч и дури три црвени картони.

