Рома и Интер одиграа спектакуларен дерби-меч во петтото коло од Серија А, кој заврши без победник – 2:2. Домашните фуриозно го започнаа натпреварот и преку Ману Коне стигнаа до водство уште во шестата минута.
Коне повторно погоди во 37. минута и Рома на полувремето имаше убедливи 2:0.
Интер, сепак, се врати во игра веднаш на стартот на вториот дел, кога Лаутаро Мартинез намали на 2:1.
Аргентинецот потоа повторно беше стрелец во 79. минута, носејќи му израмнување на актуелниот шампион. До крајот немаше нова промена на резултатот, па двата тима освоија по еден бод.
Рома и Интер по пет кола остануваат непоразени и имаат по 13 бодови на врвот на табелата.

