Искусниот шпански фудбалски тренер, Иманол Алгвасил ќе го напушти кормилото во Реал Сосиедад по завршувањето на сезоната.
Тој ја информирал управата на клубот околу одлуката која ја донел велејќи дека сака нов предизвик.
„Тренерот Алгвасил го напушта клубот по шест и пол сезони. Пред да се случи тоа ни претстои борба за излез во Европа. Ти благодариме Иманол“ – стои во соопштението на клубот.
Тој во Реал Сосиедад пристигна на крајот на 2018 година, а за овој период освоен е Купот на Шпанија, а еднаш беше изборен и пласман во ЛШ.
Сосиедад во моментов е на деветтата позиција на табелата во Примера со 42. бода.