Вечерва во 21 часот на “МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси се игра финалето на СКП. Вечерва во завршниот меч на ова по малку контроверзно првенство, Челзи и ПСЖ решаваат кој ќе се искачи на фудбалскиот Олимп.
И веднаш се поставува прашањето дали може или како, Челзи да ја сопре “машината“ на Луис Енрике? „Сините“ од Лондон секако дека го сакаат пехарот, но “светците“ сакаат сезоната 2024/25 да ја заокружат со уште еден пехар, да бидат и светски прваци.
Шампиони на Франција, победници во Купот и Суперкупот на Франција, освојувачи на Лигата на Шампионите и вечерва имаат шанса да дојдат до пехарот на СКП. Ова е билансот на страшниот ПСЖ.
Факт е дека ПСЖ игра фудбал како да од некоја друга планета. Усман Дембеле, ако го освои и овој пехар нема дилеми дека ќе ја добие “Златната топка“, и другарите не само што победуваат туку и ги мелат своите противници.Против Интер, во ЛШ, 5:0, со Атлетико Мадрид 4:0, со Баерн Минхен 2:0, против Реал во полуфиналето 4:0. Ова се само дел од резултатите на последните мечеви во овие месец и половина.
Овој ПСЖ е страшен, им влева страв во коски на сите свои ривали, ги прави смешни и едни такви гиганти како Интер, Баерн и Реал. Ова ќе биде 12 финале на клупско ниво на Луис Енрике во неговата кариера и досега нема пораз.
Јасно е дека Челзи ако сака победа, тимот на Мареска не смее, ама никако не смее во првите 15-20 минути да прими гол. Ако тоа се случи тогаш финалето ќе оди само во еден правец.
Фановите очекуваат ново шоу на “светците“, нова голеда, нова победа на ПСЖ. Сепак фудбалот е чуден, некогаш знае да си поигра со судбината.
Колку ПСЖ е моќен, силен, страшен, фантастичен, никој не смее предвреме да го отпише.
Да, на крај да кажеме дека во ложата на стадионот во Њу Џерси ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.
ФОТО: FIFA Club World Kup/X