Винисиус му рекол на Алонсо дека повеќе не сака да игра како десно крило

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Винисиус му рекол на Алонсо дека повеќе не сака да игра како десно крило
фото: Real Madrid C.F. (X)

Бразилската ѕвезда во екипата на Реал (М), Винисиус Жуниор, не бил задоволен од позиција на која играше на натпреварот против ПСЖ. Во полуфиналето на Светското клупско првенство, Реал Мадрид загуби од парискиот клуб со резултат од 0:4, а 25-годишното крило започна на десната страна, формирајќи го напаѓачкото трио на Мадрид заедно со Килијан Мбапе и Гонзало Гарсија.

Винисиус по мечот му пререкол на Ќаби Алонсо дека се чувствувал непријатно на позицијата и во иднина не би сакал повторно да игра таму. Во 65-тата минута, Бразилецот беше заменет од Брахим Дијаз.

Винисиус одигра шест натпревари на Светското клупско првенство и постигна еден гол.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата