Манчестер Сити славеше и во реваншот од полуфиналето на Карабао Купот против Њукасл – 3:1, и заслужено се пласираше во финалето, каде што за трофејот ќе се бори со Арсенал.
Манчестер Сити е во неверојатна победничка серија против Њукасл на својот домашен стадион, откако ги доби претходните 11 натпревари против „страчките“, а го доби и 12-тиот по ред, овој пат во реваншот од полуфиналето на Лига купот.
Патникот до финалето брзо беше решен на „Итихад“. Сити имаше водство од два гола од Њукасл, а кога Мармуш постигна голови во 7-та и 29-та минута, по што веќе немаше дилеми.
Третиот гол за домашните беше дело на Рејдерс, додека за гостите погоди Еланга.

