Некогашната мега звезда на хрватскиот фудбал, и своевремено членот на Арсенал, и Шахтјор Доџецк, Едуардо доби свој наследник во вистинска смисла на зборот. Неговиот син Матеус Едуардо одлучи да настапува за репрезентацијата на Хрватска, како и неговиот татко и веќе доби повик за најмладата селекција, онаа У14 категорија.
Ова преку социјалните мрежи го објави младиот фудбалер, кој што во моментов настапува за Фламенго во Брази.
Неговиот татко вели дека Матеус Едуардо сосема солидно котира во селекциите на овој клуб, инаку еден од најголемите во Бразил, и дека во перспектива може да стигне и до првиот тим.
Од друга страна пак, Хрватска реши да го повика, и да му додели статус на репрезентативец исто како што стори со неговиот татко. Тој своевремено пак, од играч дојден на проба во тимот на Динамо Загреб, стигна да биде икона на фудбалот во Хрватска и да направи светска интернационална и репрезентативна кариера.