Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

7.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!
ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите.

И тоа во петтата серија. Швајцарецот Рубен Варгас го совлада колумбискиот голман Камиљо Варгас и со пенал – серијаата заврши со резултат 4:3.

Избраниците на селекторот Мурат Јакин во 1/4 финалето се среќаваат со Аргентина, меч кој се игра во недела.

Проследивме на моменти здодевен меч. Најинтересно беше во продолженијата кога Колумбија имаше три големи шанси, Кампаз ја погоди и пречката на Кобел, сепак на крајот Швајцарците се радуваа.

По овој меч сега се познати се сите двојки во четвртфиналето и термините на одигрување…

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

09.07.ЧЕТВРТОК

Франција – Мароко (22.00 ч)

10.07.ПЕТОК

Шпанија – Белгија (21.00 Ч)

11.07.САБОТА

Норвешка – Англија (23.00 Ч)

12.07.НЕДЕЛА

Аргентина – Швајцарија (03.00 Ч)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата