„Шумарите“ ја продолжија агонијата на Тотенхем

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Шумарите“ ја продолжија агонијата на Тотенхем

Нотингем Форест го совлада Тотенхем со 1:2 во вечерашниот натпревар од ангилската Премиер Лига. Фудбалерите предводени од Нуно Еспирито Санто запишаа нови круцијални бодови во трката за место во ТОП-4.

Нотингем Форест многу подобро го започна натпреварот и веќе во 5-тата минута поведе со голот на Андерсон. Само 5 минути подоцна Вуд го зголеми водството на гостите, но неговиот погодок беше поништен. Сепак во 16-тата минута Крис Вуд повторно постигна погодок кој му донесе голема предност на гостинскиот тим. До крајот на мечот Тотенхем притискаше и се обидуваше да стигне до изедначување, но фудбалерите на Нотингем Форест одлично се бранеа. Ричарлисон постигна гол во 87-та минута, но Тотенхем немаше сили за уште еден гол.

Со овој триумф Нотингем Форест се наоѓа на 3-тото место на табелата со 60 бода, а Тотенхем е закован на 16-тата позиција со само 37 бодови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата