Фудбалерите на Штутгарт со 1:0 ја совладаа екипата на Аугсбург и се пласираа во полуфиналето од Германскиот куп.
Единствениот подогок на натпреварот го постигна Денис Ундав во 30-тата минута. Противникот на Штутгарт во полуфиналето ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Келн кој ќе се одигра утре.