Лидс убедливо го победи Њукасл со резултат од 4:1 во последниот натпревар од четвртото коло на Премиер лигата.
Лидс практично го реши прашањето за победникот веќе во првото полувреме, по што резултатот беше 3:0, со автоголот на Мајли во 32-та минута и головите на Богл и Калверт-Луин, додека на 4:0 зголеми Ноа Окафор во 59-та минута.
Сè тргна наопаку за Њукасл кога Нико Гонзалез мораше да го напушти теренот поради повреда во 19-та минута. После тоа, Лидс додаде гас и ги исчисти „страчките“. Во 32-та минута, Танака шутираше од 20 метри, топката ја погоди Мајли во блокот и го измами голманот Хорничек за 1:0. А потоа на сцена стапи Калверт-Луин. Гол и асистенција за 3:0 на полувреме. Во продолжение, Њукасл немаше сила, а Ноа Окафор по еден одбиен удар го фати волејот и постигна гол за 4:0. Во судиското продолжение, Њукасл успеа да постигне само почесен гол, преку резервниот играч Туре, кој ја искористи асистенцијата на Ливрамент.
По четири одиграни кола, Лидс е трет со осум бода, додека Њукасл сега е 12-ти со пет.
sportmedia.mk

