Шпекулација или….: Митровиќ пред трансфер во Реал Мадрид?!

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпекулација или….: Митровиќ пред трансфер во Реал Мадрид?!

Во текот на ова лето ќе се изначитаме разни шпекулации за тоа кој каде ќе оди, кој и каде ќе прави трансфер. “Инсајдерите“ ќе лиферуваат “вистински“ информации, некои ќе останат забележани а некои не.

Па така веројатно е шпекулација онаа дека Александар Митровиќ, капитенот на репрезентацијата на Србија и член на Ал Хилал од Саудиска Арабија, би можел да заврши во Реал Мадрид ова лето.

Оваа информација синоќа ја лансираше еден познат портал во Шпанија, а ја презедоа многумина ширум Европа, а најмногу се разбира медиумите кај нашиот северен сосед.

На прв поглед делува неверојатна, не дека Александар Митровиќ е слаб фудбалер, напротив, но досега никој ама баш никој од таборот на “кралевите“ не проговорил за вакво нешто, а штом и “Марка“ не се огласува, тогаш веројатно се знае за што станува збор.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата