На 15 август стартува новата сезона во Премиерлигата, најсилната лига во светот и тоа со мечот меѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. Познат е целиот распоред, а на стартот во тоа прво коло за сезоната 2025/26 се игра големото, мега – дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Секако дека за нас интересно е тоа каде ќе игра Барнли, ако се знае, барем такви се најавите, дека нашиот репрезентативец во следната сезона ќе биде дел од повратникот во Премиерлигата.
Па така Барнли со Чурлинов ќе му гостува на Тотенхем.
На останатите мечеви, барем оние поинтересните се среќаваат Астон Вила – Њукасл, Вулверхемптон – Манчестер Сити и Челзи – Кристал Палас.
Според очекувањата најголеми фаворити во битката за титулата се Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал, па и Челзи.
ФОТО: ПЛ/ФБ