Официјално: Барса го купи голманот на градскиот ривал Еспањол

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Барса го купи голманот на градскиот ривал Еспањол
фото: FC Barcelona (X)

Барселона го објави трансферот на голманот на Еспањол, Жоан Гарсија.

„Блауграна“ објави дека ја активирале клаузулата за откуп од 25 милиони евра, што беше вклучена во договорот на 24-годишниот голман.

Жоан потпиша договор со Барселона до 30 јуни 2031 година.

Гарсија одигра 38 натпревари во Ла Лига оваа сезона (8 пати остана со празна мрежа), примајќи во просек по 1,34 гола по натпревар.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата