Џенаро Гатузо е главна фаца во Сплит, па и во ХНЛ. Хајдук, тимот за кој настапува и нашиот Александар Трајковски веќе има убава бодовна предност во однос на Динамо Загреб и ако не се случи некоја катастрофална грешка на „Пољуд“, веројатно Италијанецот по цели две децении би можел да донесе титула во Сплит.
Гатузо е задволен, пред неколку дена го победи и Динамо, но вчера дојде по малку чудна и шоканта вест од Италија.
А таа е дека Гатузо би можел да се врати во својата татковина, да се врати во Серија А и да го преземе Торино. Се пренесува дека раководството на “биковите“ од Торино и тоа како биле заинтересирано за тоа токму Гатузо да седне на клупата. Наводно тој добил и понуда.
Ако се ова е вистина тогаш на потег е славниот Италијанец.