ЛЕ: Табаковиќ го порази Левски, ОФИ со голема победа над Хофенхајм

17.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛЕ: Табаковиќ го порази Левски, ОФИ со голема победа над Хофенхајм
фото: FC Red Bull Salzburg (X)

Левски на нашиот Никола Серафимов (не настапи поради повреда) со пораз го започна настапот во лигашката фаза на Лигата на Европа, откако на домашен терен загуби од Салцбург со 0:1. Австрискиот тим беше подобар во поголемиот дел од првото полувреме, а победничкиот гол го постигна Табаковиќ во 39. минута.

Напаѓачот на Салцбург ја затресе мрежата по рикошет во казнениот простор и му донесе предност на својот тим. Левски во второто полувреме се обиде да стигне до израмнување и создаде неколку шанси, но без реализација.

Во вториот натпревар вечерва, ОФИ Крит славеше над Хофенхајм со 2:0, со што грчкиот тим забележа победнички старт во Лигата на Европа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата