Септември беше месец на Наполи: Квича и Конте ги „лапнаа“ наградите во Серија А

11.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Септември беше месец на Наполи: Квича и Конте ги „лапнаа“ наградите во Серија А

Крилниот напаѓач на Наполи, Грузиевот Квича Кваратсхелија е прогласен за најдобар играч во италијанската Серија А во месец септември. Според резултатите од гласањето, Кварацхелија заврши прв пред Бремер (Јувентус), Сантијаго Кастро (Болоња), Патрик Кутроне (Комо), Федерико Димарко (Интер) и Кристијан Пулишиќ (Милан).

Минатиот месец 23-годишниот Грузиец одигра три натпревари во првенството на кои постигна два гола и имаше една асистенција. Наградата за најдобар тренер во септември ја понесе тренерот на „наполитанците“ Антонио Конте.

По седум кола Наполи има 16 бода и води во Серија А со два бода повеќе од Интер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата