Сензационално: “Дали за Вирц најдобро решение е да оди на позајмица? Апсолутно да!“!

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сензационално: “Дали за Вирц најдобро решение е да оди на позајмица? Апсолутно да!“!
ФОТО: LiverpoolFC/FB

Кога некој ќе се плати речиси 150 милиони евра, секако дека ќе биде во центарот на вниманието. Посебно кога станува збор за клуб како што е Ливерпул. Имено Флоријан Вирц важи за најдобриот германски фудбалер, ама во Ливерпул е далеку од онаа форма која сите ја посакуваат. Кога ќе заигра за репрезентацијата на Геманија, тој е фантастичен, ама кога ќе се врати на Островот нема ништо од него. А се труди и тоа како.

Диди Хаман, легендарниот германски интернационалец во дресот на “Редси“ пред повеќе од две децении има свој коментар за својот сонародник, дури предлага и нешто сензационално:

Вака ќе биде до крајот на декември. Со оглед на фактот дека нема да биде толку лесно, особено не со ваква игра и форма… Ако тоа не се случи, прилично сум сигурен дека луѓето од менаџментот ќе организираат состанок со него и ќе се обидат да најдат некое решение, најдобро за двете страни. Може ли да го замислам Вирц да замине во јануари? Апсолутно да. Можеби на позајмица. Кога ќе донесете некого за толку пари, тогаш е логично да имате барања, да очекувате многу од него. Па дури и да се надевате дека ќе функционира. Но, начинот на кој игра Флоријан… не сум сигурен дека ја изгубил вербата во себе и дека се кае што дошол во Премиер лигата. Се надевам дека грешам.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата