Ако не сега, ама набргу секако дека Арне Слот ќе биде бивши во Ливерпул. Тоа сите го знаат, го знае и тој, ама секако дека посакува да си ја спаси клупата на “Енфилд“.
Инаку планот на „Редси“ е следниот, тој е вистинска “бомба“:
Медиумите на Островот ја раширија сензационалната вест дека Јирген Клоп би можел да се врати во својот сакан клуб.
Клоп е без тренерска работа од летото минатата година, бидејќи е директор за фудбал во Ред Бул, но во случај на отпуштање на Слот, работата би му била понудена како краткорочно решение, како што објави британскиот „Сан“.
Тие имаат предвид дека тој поминал речиси една деценија во клубот и дека ја познава атмосферата, навивачите и поголемиот дел од тимот што му е на располагање, Клоп би бил одлична шок терапија.
“Бомбата“ е тренерот кој на Барселона и ПСЖ им донесе трофеи во ЛШ Имено Ливерпул го разгледува Луис Енрике од Пари Сен Жермен како долгорочно решение, и покрај тоа што шпанскиот специјалист има договор со актуелниот европски шампион до летото 2027 година.
Неодамна се сугерираше дека еден ден би можел да се врати во Барселона, кон која има посебна наклонетост, додека можноста да управува со клуб од Премиер лигата би била посебен вид предизвик, и покрај тоа што неговите намери се неизвесни во овој момент.

