Селта ги однесе трите бода од гостувањето кај Алавес

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Селта ги однесе трите бода од гостувањето кај Алавес

Тимот на Селта успеа да дојде до големи три бода од гостувањето кај Алавес триумфирајќи минимално со 0:1, во првиот дуел од денешниот Примера распоред.

Клучниот момент на мечот се случи во вториот дел односно во 55. минута кога сега веќе 38. годишниот Јаго Аспас реализираше удар од белата точка и на тој начин му донесе водство на гостинот.

Потоа, домаќинот се обиде да се врати во игра, но безуспешно затоа што гостите издржаа и ги освоија трите бода.

Истите и тоа како се значајни со оглед на големиот број на екипи во долниот дел од табелата во Примера кои се со сличен учинок сезонава.

Селта сега е десетта со 15 бодови, додека пак Алавес е со бод помалку и две места подолу.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата