Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели.
За овој период на трети и седми се планирани мечеви со Луксембург односно Грција на гостински терен.
Италија како репрезентација е во огромна криза со три пропуштени Мундијали и во период на менување на селектори.
По дебаклот во баражот за Мундијалот, последниот селектор Џенаро Гатузо поднесе оставка, а неговиот наследник сеуште не е познат.

