Се чека официјална потврда од Реал: „Специјалниот“ веќе разговарал со Мбапе!

12.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се чека официјална потврда од Реал: „Специјалниот“ веќе разговарал со Мбапе!
ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Нема дилеми дека легендарниот Португалец Жозе Мурињо ќе биде тренер на Реал Мадрид од следната сезона.
Оваа информација ја објави угледниот спортски новинар Саша Таволиери, кој тврди дека Мурињо постигнал договор со „кралскиот клуб“ во кој се враќа по 13 години.
Мурињо моментално е на клупата на лисабонска Бенфика, а изјави дека на почетокот на следната недела ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата, но Таволиери го престигна.
Португалецот ќе го замени привременото решение Алваро Арбеола на клупата на Мадрид, кој не се прослави откако Чаби Алонсо ја напушти клупата на најуспешниот клуб во светот.
Се пренесува дела Мурињо веќе разговарал со првата ѕвезда на Реал, Килијан Ебапе, во обид да го освои пред неговото враќање во Мадрид.
Колку за потсетување, Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година, кога ги освои Примера и Купот на Кралот, како и Суперкупот на Шпанија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата