Сасуоло го изненади Интер на „Меаца“, за Елмас седум минути во триумфот на Наполи

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сасуоло го изненади Интер на „Меаца“, за Елмас седум минути во триумфот на Наполи

Екипата на Сасуоло му приреди шок на Интер на „Џузепе Меаца“ во меч од 6.коло во Серија А. „Нероаѕурите“ водеа на полувреме со гол на Дамфрис, а во второто потклекнаа. Прво по убава акција Сасуоло изедначи преку голот на албанскиот интернационалец Недим Бајрами во 54 минута, а девет минути подоцна Доменико Берарди ја затресе мрежата на Зомер.

Домашните направија хокеарски четири измени во 68 минута, тренерот Инзаги отиде во офанзива но не го скршија отпорот на гостите.

Ова е прва победа на Сасуоло на „Меаца“ по февруари 2022 година.

А Наполи немаше проблем со Удинезе. Со головите на Зелински (пенал) и на Осимен водеа на полувреме со 2:0. Во вториот дел Кваратшкелија ја користи грешката на домашната одбрана и донесува победа на својот тим од 3:0. Самарџиќ намали на 3:1, а во следната акција Симеоне погодува за конечни 4:1.

Елиф Елмас влезе во игра во 83 минута.

Лацио со 2:1 славеше над Торино со голови на Весино и на Закањи во второто полувреме. „Биковите“ го постигнаа утешниот гол во финишот на натпреварот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата