Какви спектакуларни минути во судиското продолжение вечерва на мечот меѓу Фулам и Брентфорд од 10.коло во Премиерлигата. Имено со голот на Жанелт во 24.минута гостите поведоа, имаа и шанси за 0:2 па и 0:3. И тоа водство траеше се до 90+2.минута кога Хари Вилсон стрела во мрежата на гостите за израмнување, за еуфорија кај домашните фанови.
Но тоа не беше се од Вилсон, кој пет минути подоцна, во 90+7.минута уште еднаш ја тресе мрежата на гостите за победа и за лудница кај неговите соиграчи и фанови на Фулам.
Ова го има само во Премиерлигата.