Само поради Луис Енрике: Еве зошто ПСЖ е најдобриот тим во Европа!

7.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само поради Луис Енрике: Еве зошто ПСЖ е најдобриот тим во Европа!
ФОТО:facebook.com/PSG/

ПСЖ и дефинитивно, на дело, покажа дека е најдобриот тим во Европа. Лани во финалето во ЛШ го декласира Интер со 5:0, а на 31 мај во Будимпешта тимот на Луис Енрике има шанса против Арсенал да дојде до својата втора титула во низа.

Сите се сложуваат дека за ова заслуга имаат играчите, ама најголема заслуга има тренерот Луис Енрике.

Тој е без сомнение најдобриот тренер во светот. Она што Шпанецот го прави со ПСЖ е навистина неверојатно и тој создаде тим кој уништува сè пред себе.
Парижаните го освоија Европското првенство минатата година, го бранат трофејот оваа сезона, а Дејвид Бекам ја открива нереалната посветеност на 56-годишниот тренер, кој стои зад сите успеси.

Првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи, му рекол во еден разговор дека шпанскиот стручњак буквално спиел во тренинг центарот за време на неговата прва сезона во Париз.

Разговарав со претседателот Насер. Тој ми кажа дека во текот на неговата прва година, Луис Енрике буквално спиел секоја вечер во тренинг центарот. Работел на создавањето на тимот, на деталите за тоа како сака да изгледа неговиот тим, да игра и кого сака во тимот“, вели Бекам и додава:
„Претседателот ми рече дека никогаш не видел нешто слично во својот живот“.

Луис Енрике освои 11 трофеи откако пристигна во Париз. Сега има шанса да додаде уште неколку и нема сомнение дека неговиот тим е фаворит за секој можен трофеј.

Од видео анализа до индивидуални средби со играчите, Луис Енрике едноставно не остава ништо на случајност и постојано бара начин да го направи својот тим уште подобар. Порано, ПСЖ секогаш имаше ѕвезди, но сега има нешто повеќе – има карактер и менталитет на шампион. Кога ги гледате како реагираат по примен гол или во тешки моменти, гледате тим кој му верува на тренерот и неговата филозофија. Ова е најголемата разлика во споредба со минатото кога Меси, Нејмар и Мбапе беа таму.
Во овој тим, секој има јасна улога, ги знае своите задачи на теренот и нема простор за импровизации што би го нарушиле системот. Со него, не играте за себе, туку исклучиво за тимот.
„Тој е тип на тренер кој ќе седи со играч еден час само за да објасни едно движење на телото или една реакција во одредена ситуација. Тоа е неверојатно. Затоа играчите го почитуваат, бидејќи гледаат колку е посветен и колку живее за оваа работа“, истакнуваат извори блиски до парискиот клуб.
Сегашниот ПСЖ не е само збир од познати имиња, туку пред сè тим. Луис Енрике успеа во она што многумина пред него не го направија – тој создаде група играчи кои размислуваат слично и се подготвени да се жртвуваат за заедничка цел. Токму затоа многумина веруваат дека ПСЖ под водство на Луис Енрике може долго време да доминира во европскиот фудбал. Тој успеа да го спои она што Париз го бараше со години – привлечен стил, резултати и дисциплина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата