Салихамиџиќ и Кан добија откази

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салихамиџиќ и Кан добија откази

Баерн ја слави титулата, а директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ добија откази. Во завршните минути од мечот меѓу Келн и Баерн, двата германски весници „Спорт Билд“ и „Кикер“ објавија дека директорите го завршиле своето во Баерн и дека ќе си заминат без разлика на конечниот исход на шампионската трка.

Многумина ги изненади тоа што Кан не беше во свечената ложа на последниот меч од сезоната, а медиумите прво пишуваа дека се работи за грип, но се чини дека е многу повеќе. Двата најпопуларни германски весници пишуваат дека генералниот и спортскиот директор заминуваат, а тоа им било соопштено на последниот состанок на Бордот на директори.

На местото на Кан улогата на генерален директор ја презема Јан Кристијан Дресен кој досега беше шеф на финансискиот сектор во минхенскиот клуб. За местото спортски директор ќе биде одлучено на 30 мај кога е закажан нов состанок.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата