Играчот на Ливерпул, Мохамед Салах откри дека сега повеќе зборува со Јирген Клоп отколку порано.
Двајцата не беа во многу добри односи на крајот на мандатот на Клоп во Ливерпул но сега очигледно дека проблемите меѓу овие двајца се минато.
Сезонава Мохамед Салах е во убиствена форма, со 29 гола и 20 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања.
„Сега разговарам со Јирген Клоп уште повеќе отколку порано. Многу комунициравме преку пораки во последните неколку месеци“, изјави Салах.
„Ме прашува за семејството, ми честиташе за натпреварите и за пласманот во финалето… Ми кажа и кога следно ќе дојде овде!“, изјави египќанецот за SkyDE.