Роналдо со својот приватен авион си замина од Саудиска Арабија

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо со својот приватен авион си замина од Саудиска Арабија

И официјално Кристијано Роналдо не е повеќе во Саудиска Арабија. По заканите дека и градот Ријад каде што тој и неговото семејство живеат во последните години е на мета на напади, тој со својот приватен авион во текот на ноќта си заминал од таму за Мадрид.

Авионот кој што вреди 70 милиони евра и е од типот „Bombardier Global Express 6500“, Кристијано Роналдо го поседува од 2024 година, и со него тој си замина од местото каде што сеуште активно игра фудбал.

Секако, од безбедно место Роналдо ќе ја набљудува ситуацијата и самиот ќе одлучи кога ќе се врати.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата