Роналдо со нов гол, веќе има 500 гола откако наполни 30 години

21.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо со нов гол, веќе има 500 гола откако наполни 30 години
фото: AlNassr FC @AlNassrFC_EN (X)

Кристијано Роналдо го постигна својот 25-ти гол оваа сезона. Напаѓачот на саудискиот клуб постигна гол во 13-тата минута од натпреварот против Ал-Хазем во 23-то коло од првенството на Саудиска Арабија.

Португалецот сега има 19 гола во 20 лигашки натпревари. Во сите натпреварувања, Роналдо постигна 25 гола во 29 натпревари за Ал-Наср и Португалија. Роналдо исто така стигна до бројката од 500 гола откако наполни 30 години.

41-годишниот напаѓач на Ал-Наср веќе запиша 963 гола во кариерата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата