Роналдо не престанува да “тресе“, ама Ал Наср повторно поразен

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо не престанува да “тресе“, ама Ал Наср повторно поразен
фото: Al Nassr (X)

Роналдо уште еднаш се запиша во листата на стрелците, ама Ал Наср повторно е поразен. Во рамките на 14.коло во Суперлигата на С. Арабијам во големото дерби, Ал Хилал славеше со 3:1 па така сега на врвот на табелата има дури седум бода повеќе од вечервашниот ривал.

Првото полувреме, сепак, му припадна на Ал Наср. Се играше 42-та минута од натпреварот, гостите ја освоија топката на средината од теренот и комбинираа долго време, а потоа долга топка беше испратена во шеснаесетникот за Коман, кој веднаш му ја додаде на Кристијано Роналдо, а легендарниот Португалец ја испрати топката под пречката од десет метри – 0:1.
Тоа беше петнаесеттиот гол на Роналдо оваа сезона во 14 одиграни кола и, секако, тој е најдобар стрелец во лигата пред соиграчот Жоао Феликс, кој досега постигна тринаесет гола.
Но, второто полувреме донесе пресврт за домаќините.
Во 57-та минута, домашните добија пенал кој го реализира Ал Давсари. Но, потоа имаше голема гужва на голот на гостите, каде што играчите се бореа за топката, а по прегледувањето на видеото, судијата одлучи да му покаже црвен картон на фудбалерот на гостинскиот тим, Ал Акиди.
Бројно послабиот Ал Наср не издржа, а домашните на крајот остварија убедлива победа.
Мохамед Кано прв се погрижи за пресвртот, по корнер во 82-та минута, а конечните 3:1 за тимот на Ал Хилал ги направи Рубен Невеш во судиското продолжение, по уште еден пенал досуден за домашните.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата