Рамос е истиот и во Мексико, го заработи својот прв црвен картон (ВИДЕО)

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рамос е истиот и во Мексико, го заработи својот прв црвен картон (ВИДЕО)

Серхио Рамос иако ветеран во сериозни години сепак, својата пребогата кариера реши да ја продолжи на неконвенционално фудбалско место. Наместо на Блискиот исток или пак во САД, тој се реши тоа да го стори во Мексимо во тимот на Монтереј. Ајде што е веднаш капитен, ајде што во договорот има клаузула во која пишува кој меч може да го игра ако не, постигна гол, а сега го доби и првиот црвен картон.

Во својот петти меч, во последните моменти од дуелот, направи неспортски потег и заслужено беше исклучен иако неговиот тим водеше.

Монтереј победи на гостувањето кај УНАМ Пумас со резултат 3:1.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата