Деклан Рајс е фудбалерот за кого долго време ќе се зборува, фудбалерот кој создаде црни „облаци“ над Мадрид. На првата четвртфинална пресметка постигна два фантастични гола од слободни удари, Куртоа едноставно беше немоќен. Арсенал го победи Реал со 3-0 пред своите фанови и сега има вистинска шанса да се најде во полуфиналето.
„Останав без зборови, ова никогаш не ми се случило. Ова е четвртфинале и знаеме колку значеше оваа ноќ. Ова е вистинска историска ноќ за клубот. Многу сум среќен“, се првите зборови на Рајс по победата, за двата гола рече:
„Беа навистина добри. Да бидам искрен со вас, не сум навикнат на сите овие пофалби и медиумите и само луѓето да кажуваат колку беа добри слободните удари. Ги гледав неколку пати, но мислам дека ќе го гледам цела вечер. Тоа е неверојатен момент, не ми се верува“.
Тој го опиша и моментот на изведување на двата слободни удари.
„Откако го постигнав првиот гол, си помислив „ова е мојот прв слободен удар“. Добив на самодоверба за вториот удар. Си помислив: Зошто да не? Што има да загубам? Ова го вежбав долго време“.
Играчот од средниот ред исто така ги пофали навивачите за неверојаната атмосфера на стадионот.
„За ова се заслужни навивачите, тие беа неверојатни вечерва“, додаде тој. Од моментот кога се појавивме на стадионот до почетокот и до 90-тата минута, тие беа извонредни и ќе ни требаат сите на Бернабеу следната недела, бидејќи тоа ќе биде огромна ноќ за нас.
Ова е веројатно најдобриот момент во мојата кариера во однос на головите што сум ги постигнал. Мислам дека слободниот удар е веројатно најдобриот гол што сум го постигнал. Мислам дека победата следната недела веројатно ќе го надмине тоа, со одење во полуфиналето“.