Репрезентативецот на Јапонија, 23. годишниот досегашен голман на Парма, Зион Сузуки, прави фантастичен трансфер во екипата на ПСЖ.
Во дил кој што е вреден 35 милиони евра, Сузуки заминува за Париз, каде што во следните денови ќе биде и официјално промовиран.
Сепак, информациите велат дека Сузуки, поради младоста, а и потребата од минутажа, многу веројатно по потписот и ќе замине некаде на позајмица.
Најавено е негово можно пристигнување во Јувентус.

