ПСЖ го официјализираше Феран Торес

15.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ го официјализираше Феран Торес

Попладнево, екипата на ПСЖ и официјално го претстави досегашниот играч на Барселона, Феран Торес, како свој нов член.

Светскиот шампион со Шпанија, пристигна во Парис откако со недели беше најавуван ваков развој на настаните. Торес потпиша петгодишен договор до 2031. година со назнака дека за него се платени цели 50 милиони евра.

Со неговото доаѓање, следува и заминување на Бредли Баркола кој што има две сериозни понуди од Премиер лигата во оние од Арсенал односно Ливерпул.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата