Иако сеуште во Премиерлигата нема постигнато гол, нема запишано ни асистенција, сепак раководните луѓе на Ливерпул веруваат во Флоријан Вирц.
Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, ја уверува јавноста дека Вирц е некој што ќе придонесе за дополнителен раст на овој клуб. Можеби ќе биде критикуван за неговиот недостаток на перформанси како засилување кое пристигна за над 130.000.000 евра, но Германецот е инспиративен на теренот. Дури и не мора внимателно да ги следите неговите движења за време на натпреварите за да го видите тоа.
Единственото нешто што недостасува е статистиката што ќе ја поткрепи, а таа секако дека ќе дојде, апсолутно сите се убедени. Во исто време, остатокот од тимот е надвор од форма, но најлесно е да се фатат за човекот кој мораше да се прилагоди на сосема нова средина и побрз фудбал.
И по низа експерти кои уверија дека Флоријан Вирц ќе заигра во одреден момент, еден од двајцата главни луѓе во клубот од Енфилд, Том Вернер изјави:
„Кога имате можност да доведете играчи од таков калибар, се обидувате. Имаме пример во Флоријан. Тој е прекрасен талент. Можен освојувач на Златната топка. Од сите работи што се предвидуваат за Флоријан, ако се остварат само половина од нив, тој ќе ни допринесе многу“, уверува Вернер.

