Пропадна трансферот на Едерсон во Мачестер Јунајтед

11.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пропадна трансферот на Едерсон во Мачестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед нема да го купи фудбалерот на Аталанта, Едерсон, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Англискиот клуб веќе ја извести Аталанта за оваа одлука.

Пред еден месец, страните се согласија за трансфер на играчот од средниот ред за 45 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Бразилецот требаше да потпише договор на 4, плус една година.

Сепак, плановите на Манчестер Јунајтед за трансфер се променија откако играчот од средниот ред беше подложен на дополнителни медицински прегледи во петокот. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Едерсон неги минал специјалистичките прегледи, по што Манчестер Ј. се откажал. Сепак, Аталанта е уверена дека Едерсон е целосно подготвен и ќе го врати играчот од средниот ред во тимот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата