И официјално и дефинитивно. Омар Мармуш е нов фудбалер на Манчестер Сити. По се она што им се случи на “граѓаните“ вчера во Париз, тие утринава го промовираа своето ново засилување во зимскиот преоден рок кој ги чини 75 милиони евра.
Мармуш минатата есен просто блесна во Бундеслигата во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Беше трансферна цел на неколку клубови, но сепак Пеп Гвардиола прв дојде до него.
Јасно е дека “Фараонот“ ако игра во Сити како што играше во Франкфурт, тогаш Пеп ќе има и тоа како пеколен напад. Халанд – Мармуш, кој ли само ќе го сопре овој тандем.