Готово е, најавите се остварија. Попладнево, Интер официјализираше уште едно потпишување во тековниот преоден рок. Новиот фудбалер на шампионот на Италија е англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој потпиша петгодишен договор со „нераѕурите“, до јуни 2031 година.
Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на трансферот на 26-годишниот англиски дефанзивец и поранешен член на Тотенхем е 35 милиони евра, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси предвидени во договорот.
Тој стана вториот англиски репрезентативец кој се приклучи на Интер ова лето, по Џон Стоунс, кој пристигна како слободен агент од Манчестер Сити.
Спенс стана член на Тотенхем во 2022 година кога дојде од Мидлсбро за околу 15 милиони евра, а подоцна отиде на позајмица во Рен, Лидс и Џенова.
Покрај доведувањето на Стоунс и Спенс, ова лето Интер го откупи и договорот на Александар Станковиќ од Бриж, иако се повеќе се најавува негова нова продажба до крајот на преодниот рок, а пристигна и Алесандро Милани од Лацио.
Дензел Дамфрис го напушти Интер и се пресели во Реал, заминаа и Давиде Фратези во Лацио, Јан Зомер во Бриж, Стефан де Фреј во Панатинаикос.
sportmedia.mk

