Проблеми во Реал: Мега – ѕвездата на “кралевите“ би можела да биде суспендирана на две години!

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проблеми во Реал: Мега – ѕвездата на “кралевите“ би можела да биде суспендирана на две години!

Утринава дојде вест од Шпанија дека Реал Мадрид и Винисиус се договориле да ја продолжат соработката до 2030 година, но исто така доаѓа и една неверојатна, шокантан вест.

Имено Вини би можел да биде суспендиран на две години доколку Етичкиот комитет на ФИФА утврди дека има конфликт на интереси поради неговиот сопственички удел во повеќе фудбалски клубови.

Се напоменува дека бразилската компанија Tiberis Holding do Brasil истакнала дека Винисиус презел сопственички удели во некои клубови, што може да го доведе во неволја. Поднесена е официјална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА, заедно со барање за двегодишна суспензија за бразилскиот ас.

Секако дека ФИФА ќе го разгледа случајот.

Компанијата го претстави случајот пред ФИФА на 7 април и предупреди на потенцијален конфликт на интереси за играчот на Реал. Се тврди дека тој ги прекршува етичките правила кои поради ризик од судир на интереси им забрануваат на активните фудбалери директно или индиректно да имаат удели во професионални клубови.

Проблемот на Винисиус произлезе од вмешаноста на компанијата што ја водел неговиот татко и агент Тасило Соарес. Компанијата со која раководат има стекнато удели во неколку клубови, вклучувајќи го и бразилскиот клуб Атлетик Клуб де Сао Жоао дел Реи. Тиберис, кој поседуваше 16,5 отсто од клубот, тврди дека му било ускратено правото на прва понуда и дека неговите акции во клубот биле продадени на компанија поврзана со Винисиус.

Притоа, се повикува на член 20 од Етичкиот кодекс на ФИФА и член 22 од Правилникот за спортска правда на Шпанската фудбалска федерација. И двајцата наведуваат дека активните фудбалери не смеат директно или индиректно да поседуваат фудбалски клубови, дури и ако постои само ризик од конфликт на интереси. Винисиус е поврзан и со Алерко, клуб кој се натпреварува во португалската втора лига.

Нема што, Винисиус а со тоа и Реал Мадрид се во проблеми.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата