Пресврт: Дон Карло се сели во С.Арабија за 50 милиони евра по сезона, Бразилците и Перез гневни!

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт: Дон Карло се сели во С.Арабија за 50 милиони евра по сезона, Бразилците и Перез гневни!

Иако се чинеше дека се е готово, иако речиси сите релевантни медиуми пренесоа дека Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил, сега веќе не ништо од тоа. Имено непосредно пред потпишување на договорот, двете страни не успеале да финализираа ткога тоа Италијанецот ќе ја преземе селекција на Бразил. Раководството на Фудбалската конфедерација на Бразил барала тоа да се случи веднаш по завршување на сезоната, додека Дон Карло сакал тоа да биде од август.

Сепак се чини дека нема договор меѓу Бразил и Анчелоти поради понудата од Саудиска Арабија вредна 50 милиони евра по сезона.

Ова секако дека никој тренер во светот нема да го одбие, секако не и Карло Анчелоти.

Марка“ пренесува дека станува збор за Ал Хилал кој во меѓувреме останал без тренер, а секако дека со доаѓањето на Анчелоти полесно се доаѓа и до Винисиус.

По се ова Бразилците, така и се пишува во нивните медиуми, биле многу гневни и се чувствуваат дека се изиграни од Анчелоти.

Исто така гневен бил и Флорентино Перез кога слушнал дека Дон Карло како актуелен тренер на Реал преговара со Бразилците. Уште повеќе се налутил кога Италијанецот побарал отштета од 4 милиони евра од Реал, ако се знае дека тој има договор со “кралевите“ уште една година. Перез тоа нема да му го даде зошто смета дека тренерот сам си оди а не поради отказ.

По ова и дефинитивно дека ова е крајот на Анчелоти во Реал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата