Преставници на Ливерпул се интересирале кај Реал каков тренер е Алонсо

10.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преставници на Ливерпул се интересирале кај Реал каков тренер е Алонсо
фото: Real Madrid C.F. (X)

Највисоки претставници на Ливерпул контактирале со официјални лица во Реал Мадрид за да добијат информации во врска со ангажманот на Чаби Алонсо на клупата на „кралевите“. Според шпански „АС“, „црвените“ се интересирале да дознаат какви зборови имаат преставниците на Реал за тренерската улога која Шпанецот ја имаше во првиот дел од сезоната на клупата на шпанскиот гигант.

Ливерпул сè уште не одлучил за потенцијална замена на Арне Слот како главен тренер, па затоа се уште се распрашаат за мислењето на Реал за ангажманот на Алонсо. Ливерпул и Реал Мадрид се познати по тоа што одржуваат доверлив однос, и покрај тензиите што се појавија по трансферот на Трент Александар-Арнолд минатото лето. Ливерпул несомнено сака темелно да го истражи секој кандидат за менаџер, а комуникацијата меѓу клубовите е вообичаена практика во модерниот фудбал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата