Вечерва од 20:45 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина се игра финалето од баражот за пласман на СП 2026 меѓу Косово и Турција. Победникот патува на Мундијалот, и затоа ова ќе биде историски меч за најмладта земја на Балканот. Можеме само да претпоставиме каква ќе биде радоста во Косово и околината ако домашната селекција вечер ја победи фаворизираната Турција.
Капитен на Косово е Ведат Муриќи, еден од најдобрите фудбалери на Мајорка, тим од Ла Лига. И токму овој клуб прелу своите социјални мрежи ми даде голема поддршка тој и неговата селекција да дојдат до историски успех.
Убав гест на клубот од Шпанија.

