„Скај Спортс“ вечерва откри кој фудбалери се нашле на списокот на Манчестер Јунајтед како потенцијални засилувања за следната сезона.
Претходно беше објавено дека Манчестер Ј. во моментов е сериозно ангажиран да го добие потписот на Карлос Балеба (Брајтон), а сега се споменуваат и Матеус Фернандес (Вест Хем) и Едерсон (Аталанта).
Се вели дека на долгата листа на посакувани имиња се наоѓаат и Сандро Тонали од Њукасл, Адам Вортон од Кристал Палас и двојката од Борнмут, Алекс Скот и Тајлер Адамс.
Јунајтед ги следи и помладите фудбалери како Ајуб Бухади од Лил и Христос Музакитис од Олимпијакос.

